Достапни линкови

Ставрески најави намалени трошоци за фирмите


Зоран Ставрески
Мерките што Владата ги најави за стопанството ќе овозможат дополнително намалување на трошоците за фирмите, забрзување на процедурите за добивање документи и поедноставување во делот на добивање градежни дозволи, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој најави дека ќе се направат и напори заедно со ЕВН да се намали и цената на приклучокот за електрична енергија и да се скрати времетраењето што е потребно за да се добие тој приклучок, бидејќи многу компании се жалеле на тоа. „Во време на кога европската економија се соочува со сериозни предизвици секоја влада мора да остане активна и динамична и постојано да креира нови мерки и начини за да му помага на стопанството. Ние тоа го правиме со сите можности што ги имаме” рече Ставрески.
XS
SM
MD
LG