Достапни линкови

Русија против санкции врз Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека неговата земја е против какви било санкции на ОН врз Сирија и дека ќе инсистира на што побрзо започнување на разговорите меѓу сириската власт и опозицијата. Советот за безбедност на ОН не може да постигне согласност за резолуцијата за Сирија откако насилиствата во земјата почнаа во март минатата година, поради острото противење од страна на Русија и Кина.
XS
SM
MD
LG