Достапни линкови

Една година од бомбашкиот напад на Домодедево


Аеродромот Домодедево во Москва
На една година од нападите на аеродоромот Домодедево во Москва, безбедноста на аеродромите во Русија е значително зајакната, соопштуваат од руското Министерство за транспорт. Во бомбашкиот напад на 24 јануари минатата година загинаа 37 луѓе, а 120 беа повредени.

Од Министерството за транспорт соопштуваат дека сега на аеродромот има 100 проценти контрола и проверка на сите граѓани. Истражните органи велат дека 17 од милитантите кои го планирале нападот се убиени во текот на минатата година, а четири осомничени се уапсени.
XS
SM
MD
LG