Достапни линкови

ЕУ официјално воведе ембарго за увоз на иранска нафта


Нафтени наоѓалишта на островот Харг во Иран.
ЕУ официјално донесе одлука за ембарго за увоз на иранска нафта, како дел од санкциите поради нуклеарната програма на Техеран. Мерката усвоена од министрите за надворешни работи на 27-те земји-членки на ЕУ предвидува итно ембарго за слкучување нови договори за увоз на сурова нафта и нафтени деривати од Иран. Постоечките договори ќе важат до 1 јули.

Во Унијата во моментов Иран извезува една петтина од својата нафта.

Се очекува, ЕУ да донесе нови рестрикции и за Иранската централна банка.

Иран претходно се закани дека, ако се усвојат овие санкции, ќе го затвори Ормускиот Теснец, клучен за светскиот бродски транспорт на нафта. САД, пак, се заканија дека нема да дозволат такво нешто.
XS
SM
MD
LG