Достапни линкови

Висок либиски фунцкионер поднесе оставка


Заменик претседателот на Националниот преоден совет во Либија, Абдел Хафиз Гога.
Заменик претседателот на Националниот преоден совет во Либија, Абдел Хафиз Гога, поднесе оставка, по серијата протести во земјата. За телевизијата Ал Џазеира, тој рече дека неговата оставка е „за доброто на нацијата и е потребна во оваа фаза“.

Околу четири илјади студенти протестираа на универзитетот во градот Бенгази на истокот на Либија, барајќи негова оставка. Демонстрантите го обвинуваат Гога за опортунизам, поради неговото задоцнето напуштање на режимот на Моамер Гадафи. Протестот се случува еден ден откако демонстрантите упаднаа во канцелариите на Националниот преоден совет во Бенгази, обвинувајќи го советот дека ги маргинализира повредените поранешни бунтовници.
XS
SM
MD
LG