Достапни линкови

Премиерот на Пакистан се појави на суд


Јосуф Раза Гилани
Премиерот на Пакистан Јосуф Раза Гилани денеска се појави пред врховниот суд во Исламбад, соочен со обвиненија за непочитување на судските наредби. Тој, како што јавуваат агенциите, дошол во судот во придружба на вооружени полицајци и војници. По неговото појавување, судот го одложи процесот за идниот месец. Против премиерот може да бидат превземени судски постапки по кои Гилани би морал да отстапи од функцијата. Врховниот суд од премиерот очекува објаснување на одлуката за одбивање на барањето на Шведска за повторно отворање на корупциски случаи против претседателот Асиф Али Зардари. Владата аргуменртираше дека Зардари има имунитет од кривично гонење додека е на власт.
XS
SM
MD
LG