Достапни линкови

Ескалација на демонстрациите во Романија


Премиерот на Романија Емил Бок
Владата на Романија свика итен состанок по ескалацијата на протестите низ земјата против мерките за штедење. Во главниот град Букурешт, демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, а полицијата за возврат употреби солзавец за да се справи со толпата. Најмалку 50 луѓе се повредени во насилствата, а 40 се уапсени.
Протестите кои траа четири дена, се резултат на незадоволство на народот од владините мерки за штедење кои вклучуваат намалување на платите, намалени бенефиции и повисоки даноци, како и раширената корупција.

Премиерот Емил Бок повика на дијалог и апелираше до демонстрантите да запре насилството.

„Романците имаат право да бидат незадоволни. Јас ги разбирам. Но, насилството не е решение, фрлањето камења и тули може да ги загрози нашите животи“, изјави премиерот.

Демонстрантите бараат оставка од претседателот Трајан Басеску и од членовите на владата.
XS
SM
MD
LG