Достапни линкови

Напад на сунитски милитанти во Ирак


Архивска фотографија: Бомбашки напад во Рамади.
Сунитските милитанти извршија крвав напад врз владин комплекс во градот Рамади, по што се зголемуваат стравувањата дека може да дојде до зголемување на насилствата во Ирак, откако американската армија ја напушти земјата. Во нападот загинале најмалку четворица луѓе.

Милитантите, кои носеле војнички униформи и панцири, активирале експлозив по што упаднале во зградата која била седиште на локалната полиција и неколку други федерални безбедносни агенции.

Се уште трае престрелката на сунитските милитанти, кои се засолната во комплексот, со доминантно шиитските безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG