Достапни линкови

Најмалку 13 загинати во напад врз шиити во Пакистан


Архивска фотографија: Експлозија на бомба во Пакистан.
Најмалку 13 луѓе загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога одекна експлозија за време на верска процесија во пакистанскиот град Ханпур во провинцијата Пенџаб. Бомбата експлодирала во моментот кога стотици пакситански шиити се собрале на свето место за еден од главните празници во шиитскиот календар. Според полицијата, бомбата била поставена претходно. Шиитите се 20 отсто од пакистанската популација и често се мета на милитантни напади.
XS
SM
MD
LG