Достапни линкови

Унгарија бара 15-20 милијарди евра од ММФ за да не банкротира


Унгарскиот премиер Виктор Орбан спроведе контроверзни уставни реформи.
Главниот унгарски преговарач со ММФ, Тамаш Фелеги е во Вашингтон на разговори за кредит. Се очекува разговорите да трајат до четврток. Унгарија бара 15-20 милијарди евра од кредитната линија од ММФ и Европската унија за да се спаси од банкрот, но претставниците на Унијата и на Фондот во декември ги прекинаа преговорите поради уставните промени во Унгарија, за кои сметаат дека ќе ја поткопаат независноста на Централната банка.

Откако парламентот ги усвои реформите, унгарската национална валута, форинтата, падна, зголемувајќи ја загриженоста од банкрот. Трите главни меѓународни рејтинг агенции го спуштија кредитниот рејтинг на Унгарија до ниво џанк(отпад).

Унгарија во 2008 година избегна банкрот благодарејќи на кредотот 20 милијарди евра од ЕУ, ММФ и Светската банка.
XS
SM
MD
LG