Достапни линкови

Лупу се повлече од кандидатурата за претседател на Молдавија


Мариан Лупу.
Единствениот кандидат за претседател на Молдавија изјави дека се повлекува од изборите наредниот месец. Претседателот на Парламентот и привремен претседател на Молдавија Мариан Лупу изјави дека се повлекува од гласањето на 15 јануари „за да отвори нова можност да се избере претседател и да се реши политичката криза во Молдавија“. Собранието две години не може да избере претседател. На Лупу му фалеа неколку гласови за да ги добие потребните 61 во 101-члениот парламент на гласањето што се одржа на 16 декември.
XS
SM
MD
LG