Достапни линкови

Самоубиствен бомбашки напад во Багдад, 7 загинати


Архивска фотографија.
Најмалку седум луѓе загинаа денеска во самоубиствен бомбашки напад во Багдад. Напаѓачот со автомобил бомба се разнел пред Министерството за внатрешни работи во Багдад. Меѓу загинатите има 4 полицајци, а околу 30 луѓе се ранети. Пред неколку дена во бранот бомбашки напади низ Багдад загинаа над 60 луѓе. Инцидентите се случуваат во време кога растат тензиите меѓу шиитската влада и сунитското малцинството. Кризата се интензивира по минатонеделното целосно повлекување на американските сили од Ирак.
XS
SM
MD
LG