Достапни линкови

Комисијата за следење на комуникации бара одговорност од Јанкулоска


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Информацијата за спроведување на Законот за следење на комуникациите и предлага да биде разгледана на една од седниците на Собранието. Усвоен е и заклучокот, Собранието да утврди политичка одговорност за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поради, како што е наведено во заклучот, понижувачкиот и неодговорен однос кон Комисијата, пратениците и Собранието, како и поради непочитување на Законот за следење на комуникациите.

Претходно, пратеникот Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, зашто не се согласува со заклучокот.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека Комисијата што ја раководи Тито Петковски се повеќе наликува на партиска комисија на СДСМ и НСДП. Тие сметаат дека Петковски ја злоупотребува комисијата.
XS
SM
MD
LG