Достапни линкови

Меѓународната заедница загрижена за Египет


Плоштадот Тахрир во Каиро
Расте загриженоста на меѓународната заедница по последните вести од Египет кои говорат за нови судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите. Во последните 3 дена најмалку 10 луѓе се убиени а стотици повредени во судирот на полицијата со демонстрантите на плоштадот Тахрир во Каиро.
Видео снимки од плоштадот покажуваат војници во полна воена опрема како се пресметуваат со демонстрантите, дури и кога демонстрантите се паднати на земја.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека е „длабоко загрижена“ за насилствата и ги повика властите да бидат одговорни и да не ги кршат правата на демонстрантите.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја осуди „прекумерната употреба на сила против демонстрантите.“

Демонстрантите бараат воената хунта која го замени соборениот лидер Хосни Мубарак да се повлече од власта.
XS
SM
MD
LG