Достапни линкови

Ердоган со критики до Франција


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска ја критикуваше Франција поради најавите дека францускиот парламент ќе го криминализира негирањето дека масовното погубување на Ерменци за време на Првата светска војна е геноцид.

Ердоган денеска изјави дека францускиот парламент треба да ја истражува својата „валкана историја“, наведувајќи дека земјата е виновна за смртта на илјадници лица во Алжир и Руанда.
Турција го отфрла користењето на поимот „геноцид“ во однос на масовното убивање на Ерменци од османлиските Турци при распадот на нивната империја, пред повеќе од 90 години.
Долниот дом на францускиот парламент на 22 декември ќе го разгледува предлогот што може да го изедначи негирањето на ерменскиот геноцид со негирањето на Холокаустот.
Ердоган предупреди на „тешки последици“ во билатералните односи доколку се донесе предлог законот, а турски дипломат изјави дека нивниот амбасадор ќе биде отповикан.
XS
SM
MD
LG