Достапни линкови

Јахјага - руската хуманитарна помош мора да ги почитува условите


Косовскиот претседател Атифете Јахјага
Косовскиот претседател Атифете Јахјага изјави дека хуманитарната помош која влегува во Косово мора да ги почитува меѓународните правила и процедури.
Јахјага ја даде изјавата за време на посетата на Вашингот каде беше прашана за рускиот конвој со хуманитарна помош за косовските Срби, кој е заглавен на границата меѓу Косово и Србија.
Царинските службеници на ЕУ го запреа конвојот доцна во вторникот кога се обиде да влезе во Косово преку спорниот граничен премин Јариње.
XS
SM
MD
LG