Достапни линкови

Нови обвиненија против Иво Санадер


Обвинителството во петокот покрена нови обвиненија против поранешниот премиер на Хрватска
Нови обвиненија за корупција се покренати против екс-премиерот на Хрватска Иво Санадер и неговата конзервативна партија. Хрватската Демократска унија, која ги загуби изборите минатиот викенд, е обвинета за проневера на народни пари. Обвинителите велат дека неколкумина членови на партијата направиле заговор за проневера на 5.5 милиони американски долари, од кои 3 милиони наводно биле наменети за Санадер. Поранешниот премиер веќе се соочува со обвиненија за примање мито од австриски и унгарски компании. Тој ги одбива обвиненијата.
XS
SM
MD
LG