Достапни линкови

Денот на човековите права во Македонија


народниот правобранител Иџет Мемети
По повод 10 декември Денот на човековите права Комисијата за заштита од дискриминација соопшти дека во изминативе 11 месеци, односно од нејзиното формирање и биле доставени 57 претставки. Тоа, како што оценува Комисијата, е потврда за свесноста на граѓаните за нивните права, за решителноста која ја поседуваат, како и за храброста која ја демонстрираат во борбата за остварување на своите човекови права. Порака по повод денешниот ден упати народниот правобранител Иџет Мемети, наведувајќи дека овој ден годинава им е посветен на бранителите на човековите права и медиумите кои во своето функционирање имаат суштинско значење за промоцијата на човековите права, како и за јакнење на свеста за начинот на нивната заштита. Човековите права, посочува Мемети, се основа за градење слобода, мир и правда.
XS
SM
MD
LG