Достапни линкови

Клинтон: САД го поддржуваат Косово


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон за време на средбата во Брисел со косовскиот премиер Хашим Тачи, како што денеска е соопштено од неговиот кабинет, искажала непоколеблива американска поддршка за Косово. Клинтон ги поздравила постигнатите договори меѓу Приштина и Белград и нагласила дека е неопходно спогодбите да бидат спроведени. Таа исто така истакнала дека Косово не смее да остане изолирано од евроатлантските интеграции.
XS
SM
MD
LG