Достапни линкови

Осудени бомбашките напади во Кабул во кои загинаа 60 лица


Кабул веднаш по бомбашките напади
ОН и САД ги предводат осудите на двата бомбашки напада во Авганистан, во кои загинаа околу 60 лица, а над 160 беа ранети за време на прославата на шиитскиот свет ден Ашура. Вчерашните напади се сметаат за најкрвави за цивилите во главниот град Кабул по падот на Талибанците пред 10 години, и еден од ретките насочен против малцинските шиити.
Групата со седиште во Пакистан, Лашкар е Џангви ал Алами ја презеде одговорноста за двата напада. Оваа група е одговорна за серија напади против шиитското малцинство во Пакистан, каде што исто така е забранета.
XS
SM
MD
LG