Достапни линкови

Десетици повредени на протестите во Грција


Демонстрант фрла молотов коктел кон полицијата пред грчкиот парламент на денешните протести во Атина.
Околу 1.500 ученици од средни училишта и студенти демонстрираа денеска во Атина во спомен на 16-годишното момче кое загина од полицијата пред три години во кварт во грчкиот главен град.

На демонстрациите имаше и инциденти - млади луѓе фрлаа со Молотови коктели и камења врз полицијата коja одговори со солзавец. Според грчките медиуми, 14 полицајци се ранети, а 15-на демонстранти се приведени. Во немирите се оштетени продавници и банки.

Младите луѓе истовремено протестираа и против економските мерки за штедење и против полицијата, јавуваат локалните медиуми. За вечерва се закажани нови демонстрации во Атина. Демонстрации имаше и во Солун.

Алексис Григоропулос беше застрелан од полицијата на 6 декември 2008 година и тој настан предизвика бран улични насилства кои траеја повеќе од еден месец. Полицаецот што го уби 16-годишното момче доби доживотен затвор.
XS
SM
MD
LG