Достапни линкови

Вести

Нови судири со курдите во југоисточна Турција

Тројца курдски бунтовници се убиени изминатата ноќ во судири со силите за безбедност на југоистокот на Турција.
Турската војска, како што се јавува, синоќа започнала операција против припадниците на ПКК во руралното подрачје во близина на Лиџа.
ПКК, која ЕУ, САД и Турција ја сметаат за терористичка организација, од 1984 година се бори за независност на териториите населени претежно со курдско население.
Во насилствата загинаа над 45.000 лица.

види ги сите денешни вести

Израел со авиони ги врати дома фудбалските навивачи по нападот во Амстердам

Навивачите на израелскиот Макаби Тел Авив демонстрираат во Амстердам, Холандија, 7 ноември 2024 година,
Навивачите на израелскиот Макаби Тел Авив демонстрираат во Амстердам, Холандија, 7 ноември 2024 година,

Израел испрати неколку изнајмени авиони во Амстердам за да ги вратат израелските фудбалски навивачи откако беа нападнати по мечот на 7 ноември од, како што рече градоначалничката на Амстердам Фемке Халсема, „антисемитски одреди“.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху ги нарече инцидентите „антисемитски напади“, откако во соопштние од неговиот Кабинет беше посочено дека израелските авиокомпании „Ел Ал“ и „Израир“ бесплатно ќе донесат дома навивачите.

Ел Ал соопшти дека испраќа шест авиони за да ги врати навивачите дома, а израелските аеродромски власти подоцна на 8 ноември соопштија дека првиот авион слетал.


Полицијата во Амстердам соопшти дека 62 лица биле приведени по насилството, а 10 биле притворени на 8 ноември во врска со судирите, во кои пет лица беа хоспитализирани, во центарот на Амстердам меѓу младите локални жители и израелските приврзаници кои дојдоа да го гледаат натпреварот на Макаби - Тел Авив против Ајакс -Амстердам.

„Ова е многу мрачен момент за градот, поради што сум длабоко засрамена“, рече Халсема на прес-конференција.

„Антисемитските криминалци ги напаѓаа посетителите на нашиот град, во таканаречената акција 'удри и бегај' “, рече таа.

Холандските власти соопштија дека немало конкретна закана за израелските фудбалски навивачи пред натпреварот и дека не е јасно како и точно кога почнало насилството.

Питер Хола, вршител на должноста началник на полицијата во градот, на прес-конференција изјави дека израелските навивачи биле „намерно нападнати“.

Американскиот претседател Џо Бајден го осуди „антисемитското“ насилство врз израелските фудбалски навивачи во Амстердам, нарекувајќи ги нападите „одвратно“ враќање во мрачните моменти во историјата.

„Антисемитските напади врз израелските фудбалски навивачи во Амстердам се одвратни и ги повторуваат мрачните моменти во историјата кога Евреите беа прогонувани“, напиша Бајден на социјалната платформа X порано позната како Твитер.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш и други светски лидери му се придружија на Бајден во осудата на насилството.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги опиша нападите како „гнасни“ и рече дека разговарала за нив со холандскиот премиер Дик Шуф.

„Огорчена од синоќешните гнасни напади насочени кон израелските граѓани во Амстердам“, напиша фон дер Лајен во објавата на X.

„Силно ги осудувам овие неприфатливи дела. Антисемитизмот нема апсолутно никакво место во Европа. И ние сме решени да се бориме со сите форми на омраза“, додаде таа .

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар пристигна во Амстердам на состаноци со холандската влада и лидерот на екстремната десница Герт Вилдерс, а Амстердам ги забрани демонстрациите во наредните три дена.

Полицијата соопшти дека навивачите го напуштиле стадионот на 7 ноември без инциденти, откако натпреварот го добил Ајакс со 5-0, но во текот на ноќта биле забележани различни судири во центарот на градот.

Видеото објавено на интернет, исто така, наводно покажува дека израелските навивачи извикуваат антиарапски слогани на улиците пред натпреварот.

Познато е дека навивачите на Макаби користеа слични скандирања во Израел на последните натпревари таму.

Претходно, пропалестинскиот протест против посетата на Макаби, што требаше да се одржи во близина на стадионот, беше забранет од холандските власти од безбедносни причини поради зголемените тензии на Блискиот Исток.

Пјонгјанг ги блокира ГПС сигналите во Јужна Кореја

Илустрација
Илустрација

Северна Кореја втор ден по ред, односно од петокот спроведува кампања за блокирање на сигналите од сателитскиот навигациски систем ГПС, која погоди повеќе бродови и десетици цивилни авиони во Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Генералштабот на Јужна Кореја ја повика Северна Кореја веднаш да прекине со последната провокација и предупреди дека ќе одговара за своите постапки.

Војската повика на претпазливост за јужнокорејските цивилни бродови и авиони кои патуваат во и над Жолтото Море, меѓу Кина и Корејскиот Полуостров.

Блокирањето на сигналите беше извршено во северните области на Хаеџу и Каесонг, соопшти војската.

Новите провокации дојдоа три дена откако јужнокорејската војска откри слична операција во вторникот.

Како и да е, овонеделните обиди за блокирање на сигналикте се далеку послаби од оние извршени кон крајот мај. Според јужнокорејската влада, околу 500 авиони и стотици бродови пријавиле проблеми со ГПС уште во периодот помеѓу 29 мај и 2 јуни годинава.

Битолчанец се обидел да силува две девојки, одреден му е притвор

Приведен е 23 годишен осомничен за обид за силување во Битола. Тој е осомничен дека извршил полов напад и силување врз две девојки. Основното битолско обвинителство побара од Судот да му одреди мерка притвор од 30 дена.

„Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот“, се вели во соопштението од Основното битолско обвинителство.


Обвинителството вели дека затоа што се работи за кривично дело против половата слобода и моралот, како и дека постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка.

Според полициската статистика минатата година биле приведени 125 сторители на 130 кривични дела од областа на дела против половона слобода и полов морал.

Лани најголем дел од пријавените случаи биле регистрирани во Скопје 47, а во Битола 25, по што следува Штип со 17. Во однос на видот, најбројни се кривичните дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“, вкупно 34.

Потоа се „полов напад и силување“ 33 кривични дела извршени од 29 сторители. Во овие кривични дела влегува и кривичното дело „полово вознемирување“ со што вкупниот број на пријави изнесува 21 и задоволување на полови страсти пред друг – 16.

Според полициската статистика лани имало пријавени 41 случај повеќе од претходната 2022 година.

Смртоносна експлозија одекна низ пакистанската железничка станица, над 20 загинати

Официјални лица за безбедност го испитуваат местото на експлозија на бомба на железничката станица во Квета, југозападен Пакистан, во саботата,
Официјални лица за безбедност го испитуваат местото на експлозија на бомба на железничката станица во Квета, југозападен Пакистан, во саботата,

Најмалку 21 лице загинаа, а 37 се ранети кога силна експлозија одекна на железничката станица Квета во југозападен Пакистан на 9 ноември, изјавија официјални лица за пакистанскиот сервис Радио Машаал на Радио Слободна Европа.

Бомба експлодирала додека патниците чекале воз да отпатуваат до градот Равалпинди од Квета, главниот град на немирната провинција Балучистан, изјави Мохамад Балоч, висок полициски службеник.

Сепаратистичката група, Ослободителната војска на Белуџистан, ја презеде одговорноста за нападот во соопштение. Во соопштението е посочено дека бомбаш-самоубиец ги таргетирал војниците присутни на железничката станица. Полицијата соопшти дека го истражува таквото тврдење.

Свежи утра со сончеви попладневни часови

Macedonia - Autumn in Macedonia
Macedonia - Autumn in Macedonia

Се очекува времето наутро во текот на викендот да биде студено со појава на магла по одделни котлини. Но во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје утрото ќе биде студено со појава на магла во делови од котлината. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 19 степени.


Според прогнозата на УХМР, под влијание на постудена воздушна маса од север, утре (недела) дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.

„Потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во судски документи се открива заговор поддржан од Иран за атентат на Трамп

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп

Американското Министерство за правда на 8 ноември објави кривичните пријави во кои се детализира заговорот поддржан од Иран за убиство на новоизбраниот претседател Доналд Трамп пред изборите на 5 ноември.

Кривичната пријава поднесена до федералниот суд во Њујорк тврди дека неименуван функционер во иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) наредил контакт да развие план за следење и на крајот да го убие Трамп, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Тројца мажи, вклучително и ирански државјанин, беа обвинети во кривичната пријава во врска со нивната наводна вмешаност во заговор за убиство на американски државјанин со иранско потекло. Двајца од тројцата мажи - Карлајл Ривера (49) и Џонатан Лоадхолт (36). и двајцата од Њујорк -- првично се појавија пред судот на 7 ноември и им беше наредено притворање во очекување на судењето, соопштија од одделот.

Третиот маж, идентификуван како Фарјад Шакери, останува во бегство и се верува дека е во Иран.


„Обвиненијата објавени денеска ги разоткриваат континуираните дрски обиди на Иран да ги гаѓа граѓаните на САД, вклучително и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, други владини лидери и дисиденти кои го критикуваат режимот во Техеран“, рече директорот на ФБИ, Кристофер Вреј во соопштението.

ИРГЦ „заговараше со криминалци и убијци да гаѓаат и убиваат Американци на територијата на САД и тоа едноставно нема да се толерира“, додаде тој.

Одделот за правда соопшти дека Шакери бил „богатство“ на ИРГЦ кој емигрирал во Соединетите држави како дете и бил депортиран околу 2008 година, откако одлежал 14 години затвор за грабеж.

Оттогаш Шакери користел мрежа на криминални соработници што ги сретнал во затворот за да ја снабдат ИРГЦ со оперативци за следење и убиства на цели на ИРГЦ, соопшти одделот.

Лоадхолт и Ривера наводно биле членови на мрежата на Шакери и по негова инструкција поминале месеци надгледувајќи го американскиот државјанин со иранско потекло кој живеел во Соединетите држави.

Одделот не ја идентификуваше целта, но рече дека поединецот бил отворен критичар на иранскиот режим, а Шакери ветил дека ќе плати 100.000 долари за заговор за убиство за изнајмување.

ИРГЦ, исто така, го задолжи Шакери да изврши други атентати на американски и израелски државјани лоцирани во Соединетите држави, се вели во соопштението за печатот.

„Конкретно, Шакери ги информираше органите на редот дека на 7 октомври 2024 година имал задача да обезбеди план за убиство на новоизбраниот претседател Доналд Џеј Трамп“, соопшти Министерството за правда.

Шакери не можеше да подготви план во временскиот распон што го бараше функционерот на ИРГЦ, а функционерот потоа му рече дека Иран ќе го паузира својот план до по претседателските избори бидејќи функционерот веруваше дека Трамп ќе изгуби и дека потоа ќе биде полесно да го убие. се вели во кривичната пријава.

Шакери, Ривера и Лоадхолт се обвинети за убиство на наем, што предвидува максимална казна од 10 години затвор; заговор да се изврши убиство за наем, што предвидува максимална казна од 10 години затвор; и заговор за перење пари, што предвидува максимална казна од 20 години затвор.

Шакери се соочува со дополнителни обвиненија поврзани со тероризам.

Русија повика канадски дипломат да ги отфрли обвинувањата за саботажа

Извештаите велат дека уредите се запалиле во јули во складиштата на глобалната курир DHL во британскиот град Бирмингем и германскиот град Лајпциг.
Извештаите велат дека уредите се запалиле во јули во складиштата на глобалната курир DHL во британскиот град Бирмингем и германскиот град Лајпциг.

Москва повика канадски дипломат на 8 ноември за да ги отфрли западните наводи дека руските тајни служби организирале кампања за испраќање експлозивни пакети на адреси во земјите на НАТО, вклучително и Канада.

По серијата пожари во складиштата на DHL во Британија и Германија во текот на летото, Русија беше обвинета дека стои зад дрскиот заговор за испорака на пакети со експлозив преку комерцијални авиони.

Отава ја изрази својата загриженост претходно оваа недела до руските официјални лица, откако Полска и Литванија објавија неколку апсења како резултат на истрагата за обиди да се испратат пакети спакувани со експлозив на товарни летови за Соединетите Американски Држави и Канада.

„Заменик-шефот на канадската дипломатска мисија во Москва беше повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде му беше врачена нота во врска со лажни обвинувања за наводно планирана „руска саботажа“ против земјите на НАТО“, соопшти руското Министерство за надворешни работи во објавата на Телеграма. .

Москва рече дека на канадскиот дипломат „му било кажано дека овие шпекулации“ се шират на „координиран начин, во контекст на хибридната војна“ што Западот ја води против Русија.

Русија ги критикуваше наводите како „лажни“, „неприфатливи“ и дел од „провокација“ што ја водат Соединетите држави, соопшти Министерството.

Канадското Министерство за јавна безбедност соопшти дека Отава е „свесна и длабоко загрижена за засилената кампања на Русија, од сајбер инциденти и операции за дезинформација до саботажни активности“.

Таа потврди дека канадската влада „ја изразила оваа загриженост директно до руските официјални лица и недвосмислено изјавила дека секоја закана за безбедноста и безбедноста на Канаѓаните е неприфатлива“.

Министерството додаде дека нема „непосредна закана“ за јавноста, но рече дека Канада „ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата“.

Канадската министерка за транспорт Анита Ананд им рече на новинарите на 6 ноември дека бара „повеќе информации“ за наводниот заговор, но рече дека ќе преземе „дополнителни чекори“ за да се осигура безбедноста на патниците и пакетите, но не даде детали.

Многу западни разузнавачки агенции ја обвинија Москва за вмешаност во саботажни дејствија и во Европа, за кои рекоа дека се насочени кон дестабилизација на сојузниците на Украина.

Мост во Нови Сад е блокиран на протест за трагедијата на железничката станица

СРБИЈА, Граѓани и активисти го блокираа мостот „Дуга“ во Нови Сад
СРБИЈА, Граѓани и активисти го блокираа мостот „Дуга“ во Нови Сад

Граѓани и активисти го блокираа мостот „Дуга“ во Нови Сад во знак на „граѓанска непослушност“ поради смртта на 14 лица во уривањето на настрешницата на железничката станица во тој град на 1 ноември.

Тие ја повикуваат владата на одговорност и бараат оставка од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, обвинителството на сите одговорни, како и отстранување на ознаката за тајност од договорот за реконструкција на Железничката станица.

На покана на организаторите, учесниците на протестот го бојадисуваат мостот со црвена боја и оставаат траги од „крвави тупаници“.

Учесниците на мостот со црвен филц напишаа пораки како „Апсолутна моќ, апсолутна одговорност“ и „Години молк завршуваат со минута молчење“.

За време на протестот, на огласниот систем се слушаат изјавите на српските функционери од отворањето на Железничката станица во Нови Сад по реконструкцијата, како и нивните изјави по несреќата.

Железничката станица во Нови Сад беше официјално отворена во јули 2024 година, по тригодишна реконструкција.

Бранислав Ѓорѓевиќ од групата „Став“, која повика на протест, за време на блокадата изјави дека во пресрет на протестот биле приведени две активистки, а камионот што превезувал дел од учесниците на протестот бил исклучен од сообраќај.

Групите „Свиќе“ и „Став“ повикаа на блокади и порачаа дека оставката на министерот за градежништво на Србија, Горан Весиќ, „е победа на граѓаните, но и мотив уште погласно да се инсистира на преостанатите барања“.

Досегашниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, на 5 ноември поднесе оставка од таа функција, но и рече дека не ја прифаќа вината за несреќата.

Засега не се познати причините за уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад до 5 ноември сослушало 48 лица, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво, директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата во Нови Сад, одговорните за „Железници на Србија“ и „Инфраструктура на железницата на Србија“ и одговорните за извршување на работите поради несреќата од 1 ноември.

Изведувач беше кинескиот конзорциум CRIC&CCCC („China Railway International Co. Ltd“ и „China Communications Construction Company Ltd“).

Руска педијатарка се соочува со затвор за антивоени коментари пред пациент

Надежда Бујанова се појавува пред судот во Москва во мај 2024
Надежда Бујанова се појавува пред судот во Москва во мај 2024

Обвинителството побара шестгодишна затворска казна за 68-годишната руска педијатарка Надежда Бујанова под обвинение за ширење на таканаречените „лажни вести“ за руската војска.

Бујанова, која е во истражен притвор од нејзиното апсење во февруари, е обвинета за давање клеветнички изјави за руската армија за време на лекарски преглед.

Случајот против Бујанова е покренат по жалба на Анастасија Акиншина, мајка од Москва која го донела својот 7-годишен син на преглед кај педијатарот. Бујанова за време на закажувањето наводно забележала дека детето се однесува нервозно.

Кога Акиншина објаснила дека нејзиниот син се борел со траумата од губењето на својот татко, руски војник убиен во војната во Украина, Бујанова се вели дека го нарече починатиот татко како „легитимна воена цел“ пред детето.

Оваа забелешка, според Акиншина, ја поттикнала да поднесе жалба до органите на редот. Педијатарката останува на ставот дека е жртва на лажно обвинение.

Адвокатот на Бујанова, Оскар Черџиев, за време на сослушувањето на 8 ноември тврдеше дека педијатарката не сторила кривично дело и дека случајот се заснова на клевета и намерна измислица.

Черџиев, исто така, ги истакна противречностите во сведочењето на детето. Адвокатот на одбраната истакна дека тој е премногу млад за да ги разбере или артикулира термините како „земја агресор“, „легитимна цел“ или „специјална воена операција“ (официјален руски термин за инвазијата на Украина).

Одбраната, исто така, покрена прашања за веродостојноста на сведочењето на детето, сугерирајќи дека тоа можеби било под влијание на надворешни страни.

Бујанова беше отпуштена од својата работа по жалбата поднесена од Акиншина. Таа постојано ги негираше обвинувањата и бараше нејзино враќање на функцијата. Судот пресуди во нејзина корист во јули, барајќи таа да биде вратена на нејзината позиција во медицинската клиника.

Случајот го привлече вниманието на групите за човекови права и медиумите, особено поради зголемениот број правни дејствија според рускиот закон за „лажни вести“, кој се повеќе се користи за замолчување на критичарите на владата и нејзините воени дејствија, особено оние поврзани со војната во Украина.

Критичарите тврдат дека законот е дел од пошироката шема на репресија дизајнирана да го задуши несогласувањето и да го контролира јавниот дискурс во врска со акциите на Русија во Украина.

Шпанија се уште на удар на дождови, 78 луѓе се исчезнати во поплавите

Шпанија, поплави
Шпанија, поплави

Десет дена по катастрофалните поплави во Валенсија, Шпанија, 78 луѓе уште се водат како исчезнати, објави Владата на платформата Икс.

Претходната бројка на исчезнати лица во поплавите изнесуваше 93. Додека според официјалните бројки на загинати е 219 луѓе. Во областа Валенсија откриени се 211 луѓе, а уште осум безживотни тела се пронајдени во соседните области Кастилија-Ла Манча и во Андалузија.

Невремето продолжува, така што синоќа обилниот дожд предизвика поплави во Каталонија и на островот Мајорка.

Нови поплави го погодија регионот на Жирона во североисточна Шпанија и однесоа 30-тина автомобили во градот Кадакес.

Во државата од 1 октомври до 5 ноември имало 72 отсто повеќе врнежи од нормалната вредност за овој временски период, објави шпанската метеоролошка агенција „Аемет“.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG