Достапни линкови

Кими Раиконен следните две сезони во „Лотус“


Шампионот Себастијан Фетел добива нова конкуренција во повратникот Кими Раиконен.
Шампионот на Форула 1 од 2007 година, Финецот Кими Раиконен во следните две сезони на Шампионатот на Ф1 ќе настапува во тимот на „Лотус“. Раиконен, кој пред две години ја напушти Ф1 и оттогаш се натпреваруваше во Светскиот рели шампионат и во НАСКАР серијата, изјави дека му недостасувало натпреварувањето во Формула 1 и дека со нетрпение ја очекува следната сезона.

Првиот човек на „Лотус“ Џерард Лопез изјави дека одлуката на Раиконен да се врати во Формула 1 е „само првиот во низата чекори кој ќе придонесе да станеме многу сериозни учесници во првенството“.

Оваа сезона за тимот на „Лотус“ настапуваа Бразилецот Бруно Сена и Русинот Виталиј Петров. Во генералниот пласман тимот беше петти со освоени 73 поени.
XS
SM
MD
LG