Достапни линкови

Тадиќ повика на итен прекин на судирите во северно Косово


Српскиот претседател Борис Тадиќ.
Српскиот претседател Борис Тадиќ повика на итен прекин на судирите меѓу војниците на КФОР и граѓаните во село Јагњеница, на патот Зубин Поток–Косовска Митровица.
Претседателот ги повика припадниците на КФОР и ЕУЛЕКС и политичките претставници на Србите да ја прекинат напнатоста и да обезбедат целосна слобода за движење „исклучиво преку дијалог и без употреба на насилство“.

Двајца војници на КФОР денеска беа ранети во престрелки со Србите што го блокираат патот. Српските медиуми јавија дека биле повредени и петмина Срби.
XS
SM
MD
LG