Достапни линкови

ОН - Сирија извршилa злосторства против човештвото


Молитва покрај телото на еден од убиените демонстранти во градот Хула во близина на Хомс.
Сириската војска и безбедносните сили извршиле злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства, тортура и силување. Во извештајот на Независната меѓународна комисија за истрага во Сирија, нарачан од Советот за човекови права на ОН, се наведува дека за злосторствата е виновна владата на претседателот Башар ал-Асад.

Одборот од независни експерти утврдил дека сириските сили убиле стотици деца, а некои од нив биле и сексуално злоупотребувани за време на крвавото задушување на анти-владините протести во земјата.

Во извештајот се повикува Сирија да запре со кршењето на човековите права, да ги ослободи затворените и да им дозволи на медиумите, хуманитарците и набљудувачите да влезат во земјата.
XS
SM
MD
LG