Достапни линкови

Убиени шестмина осомничени милитанти во Пакистан


илустрација
Најмалку шестмина осомничени милитанти загинале во напад на американско беспилотно летало во северот на Пакистан, потврдија извори од одбраната. Согласно извештаите, нападот се случил рано наутро во северниот пакистански регион Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Соединетите американски држави неретко извршуваат напади со беспилотни летала врз осомничени милитанти со врски со терористичката Ал Каеда, кои од Пакистан организираат напади врз силите на САД во Авганистан.
XS
SM
MD
LG