Достапни линкови

Компјутерскиот тероризам нова закана


Со помош на еден сајбер-напад може да се оневозможи функционирањето на поединци, на компании и на држави, предупредуваат експертите.

Компјутерскиот-сајбер тероризам, еден од асиметричните некласични видови криминалитет типични за 21 век е голема закана за информатичкиот простор, таканаречен cyberspace, чија цел се човековиот ум и интелектуалната сопственост, од што не се поштедени Балканот и Македонија. Преку сајбер нападите, страда системот на информации, на што се изложени сите корисници на информатичката компјутерска инфраструктура, од обичните граѓани до организациите, институциите и безбедносни системи, предупредуваат експертите.
Сајбер тероризмот всушност е нова закана којашто овозможува остварување на целите на напаѓачот со помош на информатичка опрема и комуникациски средства.
Радица Гарева, сајбер експерт од Министерството за одбрана.

„Сајбер тероризмот всушност е нова закана којашто овозможува остварување на целите на напаѓачот со помош на информатичка опрема и комуникациски средства. Во оваа смисла на зборот, не е потребна класична војска и средства за напад, туку во оваа сајбер војна и сајбер тероризмот учествуваат поединци, коишто се добро едуцирани и кои се дел од глобалната мрежа“, вели Радица Гарева, сајбер експерт од Министерството за одбрана.

Радица Гарева
Радица Гарева
Според неа, во време на подем на информатичката технологија и глобализацијата, приоритет на меѓународната заедница треба да биде подигнување на свеста кај луѓето за заштита од сајбер нападите и одбрана од крадците на интелектуалното богатство.

Тука страда невидливото, страда знаењето и невидливиот имот. Со помош на еден сајбер напад може да се оневозможи функционирањето на поединци, на компании и на држави.
Радица Гарева, сајбер експерт од Министерството за одбрана.
„Тука страда невидливото, страда знаењето и невидливиот имот. Со помош на еден сајбер напад може да се оневозможи функционирањето на поединци, на компании и на држави. Тоа е една цел, друга е да се изгуби дел од податоците, дел од имотот на организацијата, на еден многу софистициран начин, без класични средства на вооружување од страна на многу добро едуцирани луѓе.“

Гарева додава дека сајбер терористите се меѓу себе поврзани во добро организирана мрежа, а може да далуваат преку компјутерот од својата соба.

„Во Македонија имаме јавни мрежи и постепено се повеќе се зголемува јавната свест за заштита, така што и секој поединец на својот компјутер и лап топ дома инсталира „firewall“ за заштита од неавторизиран пристап на неговиот компјутер. На повисоко државно ниво, уште треба да се донесе легислатива што е во согласност со новиот концепт на НАТО за заштита од сајбер напади. Всушност и земјите членки на НАТО беа изненадени од 11-ти септември. Требаше да се влезе во систем, за да се урнат кулите близначки во Њуjорк. Тој што напаѓаше толку добро беше обучен и такви добри програми направи, што сакаше да и каже на една голема сила како САД, дека може да влезе во системот и да направат хаварија каква што не се очекуваше“, вели Гарева.

Според неа, живееме во многу турбулентно време, поради што мора да се користат сите средства за заштита, ако сакаме да не ни се уништат системите за наводнување, снабдување со електроенергија и храна, за телефонска и компјутерска комуникација, без кои би настанала парализа на секојдневниот живот и работа.

За борбата против тероризмот на Западниот Балкан се дискутираше на Школата за јавни политики „Мајка Тереза“ неодамна во Охрид, што ја спроведува Центарот за истражување и креирање политики со поддршка на Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG