Достапни линкови

Нафтениот гигант Шел ќе бара нафта во Босна


Хајрудин Билалиќ неодамна најде нафта во неговиот двор во Дубраве близу Тузла.
Англиско-холандскиот енергетски гигант Шел и босанските власти денеска потпишаа меморандум за истражување на нафта и гас во Босна. Босанскиот премиер Нермин Никшиќ вели дека „Геолошките истражувања за нафта и гас се стратешки интерес за муслиманско-хрватската федерација“.

Според договорот, Шел прво ќе ја мапира областа, вклучувајќи ги и Динарските Планини.

„Ако резултатите се позитивни, првите истражувања може да почнат во 2013, а експлоатацијата во 2015 година“, се наведува во писмената изјава од кабинетот на Никшиќ.
XS
SM
MD
LG