Достапни линкови

САД „длабоко разочарани“ од Израел


Населби во Источен Ерусалим
Соединетите Американски Држави ја критикуваат одлуката на Израел да се забрза изградбата на населбите во Источен Ерусалим и на Западниот Брег во знак на одмазда за тоа што Палестинците се примени во УНЕСКО.

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карнеј изјави дека администрацијата на Обама е „длабоко разочарана“од одлуката.
Портпаролот вели дека „ едностраните акции работат против напорите за продолжување на директните преговори“.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ја бранеше својата одлука да се прошири изградбата на населбите в елејќи дека тоа е „право“ и „должност“ на Израел.
XS
SM
MD
LG