Достапни линкови

Ердоган ја критикува Германија


Турскиот премиер Таип Ердоган
Турскиот премиер Таип Ердоган ја обвини Германија дека недоволно ги поддржува обидите на Турција да стане членка на Европската унија и напорите на турците во Германија да се интегрираат во германското општество. До оваа оценка на Ердоган што ја објави германскиот весник Билд доаѓа само неколку часа пред неговата средба со канцеларот Ангела Меркел во Берлин каде што ќе се одржи свеченост по повод 50 годишнината од договорот со кој на голем број турски граѓани им беше отворен патот за работа во Германија.
XS
SM
MD
LG