Достапни линкови

Грчката влада го поддржа предлогот за референдум


Јоргос Папандреу
Грчката влада, на синоќешната седница, едногласно го поддржа предлогот на премиерот Јоргос Папандреу да се одржи референдум за спасувачкиот пакет за Грција. Папандреу на затворената седница на владата, како што се дознава, им рекол на министрите дека референдумот ќе биде јасна порака за грчката посветеност кон еврото. Јоргос Папандреу во текот на денов во Кан, каде што утре почнува самитот на Г20, треба да се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел и со францускиот претседател Никола Саркози кои веќе изјавија дека нема алтернатива на неодамна усвоениот европски план.
XS
SM
MD
LG