Достапни линкови

Делегација на Европската федерација на новинари во Македонија


Тамара Чаусидис
Делегацијата на Европската федерација на новинари во Македонија предводена од претседателот Арне Кенинг денеска во Скопје имаше средба со претставници на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во Македонија. Посетата, како што на денешната прес конференција изјави претседателот на самостојниот синдикат Тамара Чаусидис, се реализира кога за неполна година во Македонија без работа останале меѓу 300 и 400 медиумски работници. Кенинг од своја страна изјави дека новинарите во земјава се делумно заплашени и поради судските процеси кои се водат против нив и стравот дека ќе ја загубат работата.
XS
SM
MD
LG