Достапни линкови

Ослободени палестинци пристигнаа во Турција


Палестинците во Газа го слават ослободувањето на стотиците затвореници
Единаесет палестинци ослободени од израелските затвори, како дел од замената за израелскиот војник Гилад Шалит, пристигнаа денеска во Турција.
Шалит по пет години заробеништво беше ослободен од Хамас во Газа, а за возврат Израел ослободи стотици палестинци од кои 40 - тина се испратени во Турција, Сирија и Катар.
Односите меѓу Турција и Израел, некогашни сојузници, се влошија откако еврејската држава одби да се извини за нападот врз бродот со хуманитарна помош за Газа и загинувањето на турските граѓани во Мај.
XS
SM
MD
LG