Достапни линкови

Ослободен израелскиот војник во замена за над 1000 палестинци


Гилад Шалит, 18.10.2011
Хамас денеска го ослободи израелскиот војник Гилад Шалит, како дел од договорот меѓу израелците и палестинците за размена на затвореници. Шалид беше префрлен во Египет и предаден на израелците, по што се врати во Израел. Потоа, стотици палестински затвореници беа ослободени од израелските затвори, и од Египет беа префрлени во Појасот Газа. Израел денеска ослободи 477 палестински затвореници, а за два месеца ќе ослободи уште 550 во замена за војникот Гилад Шалит, кој беше заробен од Хамас во 2006-та година.
XS
SM
MD
LG