Достапни линкови

Тимошенко треба да плати 190 милиони долари оштета


Судири пред Судот во Киев за време на изречување на пресудата за Тимошенко
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска е осудена на 7 години затвор. Судот во Киев пресуди дека Тимошенко треба да да и плати оштета на државната фирма Нафтогас речиси 190 милиони долари, Таа беше обвинета за злоупотреба на овластувања кога и наредила на Нафтогас да потпише договор со Русија за снабдување со гас во 2009 година. Покрaј зaтворската казна на Тимошенко и е забрането да биде дел од владино тело во период од 3 годни. Тимошенко ги негираше наводите и оцени дека станува збор за политичка одмазда на претседателот Виктор Јанукович. За време на изречување на пресудата пред судот дојде до судири меѓу поддржувачите на Тимошенко и полицијата, кои насилно сакале да влезат во судот, при што неколкумина се уапсени.
XS
SM
MD
LG