Достапни линкови

Советот на Европа усвои Резолузија за Балканот


Бариера на северот од Косово
Парламентарното собрание на Советот на Европа синоќа усвои Резолуција за политичката ситуација на Балканот. Резолуцијата беше усвоена на вонредната дебата за ситуацијата на Косово и односите на Косово со Србија и на политичката ситуација во Босна и Херцеговина и Албанија. Во дебататта голем дел од парламентарците изразија загриженост поради судирите на северот од Косово, блокирањето на преговорите меѓу Белград и Приштина, политичкиот ќорсокак во БиХ.Главните пораки во Резолуцијата се да се сочува мирот и безбедноста во Косово , да се продолжи дијалогот меѓу Приштина и Белград и политичките лидери во БиХ да најдат решение без одлагање на политичкиот ќорсокак и да ја спроведат пресудата на Европскиот суд за човекови права со што ќе им се гарантира на малцинствата да бидат вклучени во изборите.
XS
SM
MD
LG