Достапни линкови

Деценија од американската инвазија на Авганистан


Американски војник се одмара по операција во провинцијата Кунар.
Денеска се одбележуваат 10 години до почетокот на американската инвазија на Авганистан.

Офанзивата од страна на САД и Велика Британија, поддржана од страна на нивните сојузници, имаше за цел ставање на крај на владеењето на Талибанците, и пронаоѓање на исламистичките милитанти од Ал Каеда, одговорни за
извршување на нападите на 11 септември 2001, во САД.

Со операција „трајна слобода" беше соборен режимот на Талибанците, и наскоро потоа беше инсталирана новата авганистанска власт на чело со актуелниот претседател Хамир Карзаи.

За време на 10 годишната војна загинаа десетици илјади војници на САД и НАТО, како и авганистански војници.
Во Авганистан сега има околу 140 илјади странски војници, од кои 100 илјади се американски. Тие ќе се повлекуваат од земјата до крајот на 2014 година, кога авганистанските сили треба да ја преземат контролата на безбедноста.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама нема планирано јавни настани за одбележување на денешниот ден.
XS
SM
MD
LG