Достапни линкови

Иран против планот на Турција за НАТО радарите


Иранскиот министер за одбрана Ахмед Вахиди
Иран ја критикува Турција за планот на нејзина територија да биде сместен радарски систем на НАТО. Во минатата недела, Анкара соопшти дека се согласила на тоа со цел да се заштитат членките на НАТО од заканите кои доаѓале надвор од Европа. Системот треба да стане оперативен до крајот на оваа година. Иранскиот министер за одбрана Ахмед Вахиди изјави дека нема да толерира некаква агресија против националните интереси на земјата и изрази жалење за присуството на Соединетите држави и на Западот во исламските земји.
XS
SM
MD
LG