Достапни линкови

Два сина на Гадафи го напуштија Бани Валид


Салиф ал Ислам, еден од синовите на Гадафи
Шефот на привременaтa влада во Либија Мустафа Абдул Џалил изјави денеска дека два сина на Моамер Гадафи го напуштиле градот Бени Валид, едно од последните упоришта на поддржувачите на Гадафи. Џалил во интервју за ББС изјави дека Салиф ал Ислам и Мутасим Гадафи денеска го напуштиле градот, и дека тие до сега го блокирале предавањето на градот.
Се уште е непознато каде се крие Моамер Гадфи.
Претходно денеска Националниот преоден совет соопшти дека преговорите со претставниците на градот се прекинати и дека нападот врз него е неизбежен.
XS
SM
MD
LG