Достапни линкови

Меркел во посета на Словенија


Германската канцеларка Ангела Меркел
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе допатува во повеќедневна работна посета на Словенија, каде што со премиерот Борут Пахор ќе разговара за решавање на должниката криза во еврозоната, како и за ситуацијата на Западен Балкан. Меркел во минатата недела престојуваше во Загреб и Белград, а Пахор беше во кратка посета на Белград каде што разговараше со претседателот на Србија Борис Тадиќ. Се очекува за време на посетата на Меркел на Љубљана да биде потпишан и протокол за продлабочување на соработката меѓу Словенија и Германија.
XS
SM
MD
LG