Достапни линкови

Доктор Араш Алаеи ослободен од затвор во Иран


Браќата Алаеи се основачи на програмата за прененција на Сида во Иран
Иранскиот лекар познат по неговите напори да им помогне на зависниците од дрога инфицирани од ХИВ вирусот е ослободен од затворот во Техеран каде мина три години обвинет за заговор против режимот.
Араш Алаеи е еден од 100 те ирански политички затвореници помилувани од властите минатата недела, изјави неговиот брат Камиар Алаеи кој се наоѓа во САД и кој беше ослободен пред една година. Двајцата браќа во Јуни ја добија наградата за Глобално здравство и човекови права.
XS
SM
MD
LG