Достапни линкови

Милион млади луѓе во Шпанија ја минаа ноќта под отворено небо


Демонстрации во Шпанија против посетата на Папата
Над милион млади луѓе ја поминаа ноќта под отворено небо во Мадрид во очекување на мисата која требаше да ја одржи Папата Бенедик 16 на крајот од одбележувањето на црковниот ден на младите. Папата синоќа го прекинал својот говор поради силната бура која го зафатила Мадрид по топлиот ден. При невремето 6 луѓе се лесно повредени и причинета е материјална штета. Доаѓањето на Папата во Шпанија беше проследено со протести поради големите трошоци на државата кои ги предизвика посетата со оглед на економската криза во која се наоѓа земјата.
XS
SM
MD
LG