Достапни линкови

Дваесетина цивили убиени во Авганистан


Херат
Најмалку 20 цивили во еден минибус загинале во денешната експлозија на поставена мина на пат во авганистанската провинција Херат. Меѓу жртвите имало жени и деца. Локалните власти за експлозијата ги обвинија талибанците. Новинските агенции јавуваат дека денеска во една американска база во источниот дел на Авганистан дошло до напад на бомбаш самоубиец при што загинале двајца авганистански стражари. Се прецизира дека во овој напад немало странски жртви.
XS
SM
MD
LG