Достапни линкови

Хашкиот Трибунал предлага поделба на судењето на Младиќ


Ратко Младиќ
Обвинителите во Хашкиот Трибунал за воени злосторства предложија поделба на случајот против Ратко Младиќ во два дела за да се забрза неговото судење. Младиќ е обвинет за организирање на геноцидот на 8.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година и други воени злосторства за време на војната во Босна помеѓу 1992 и 1995 година. Тој беше уапсен во мај по 16 години бегство.
Обвинителите предлагаат прво да му се суди за геноцид, а потоа за другите воени злосторства. Меѓународниот кривичен суд беше критикуван за должината на судските процеси, особено за судскиот процес против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ кое траеше четири години, и не заврши бидејќи тој почина во 2006 година.
XS
SM
MD
LG