Достапни линкови

Во Црна Гора ќе се гради гробница за германски војници


Гвидо Вестервеле при посетата на Црна Гора
Министерот за надворешни работи на Германија Гвидо Вестервеле потпиша договор со Црна Гора за изградна на гробишта каде ќе бидат закопани остатоците на повеќе од 400 германски војници кои загинале во Црна Гора за време на Втората светска војна.
Гвидо Вестервеле при посетата на Подгорица изјави дека договорот за изградба на германски гробишта во Црна Гора „претставува врска помеѓу она што останало од минатото и ориентацијата кон иднината.“
Градежни работници во 2007 година при работа открија гробница со остатоци на повеќе од 400 германски војници кои загинале помеѓу 1941 и 1945 година во Црна Гора.
XS
SM
MD
LG