Достапни линкови

Одбележување на 10-годишнината од Карпалак


макета на споменикот на жртвите од Карпалак
Во Прилеп попладне ќе почне чествувањето по повод 10 годишнината од настаните кај Карпалак кога на 8 август 2001 година во заседа беа убиени 10 прилепски воени резервисти.
Семејствата на загинатите, соборци, претставници на АРМ и на локалната самоуправа во 17 часот ќе го посетат спомен-обележјето во кругот на прилепската касарна и ќе им оддадат почит на загинатите. Утре ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје - Тетово, на местото каде што конвојот на АРМ беше пресретнат и нападнат од заседа.
XS
SM
MD
LG