Достапни линкови

Мубарак се изјаснил за невин


Мубарак за време на судењето
Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак ги негираше обвиненијата дека бил вмешан во убиството на демонстрантите, како и обвиненија за корупција. Во текот на денешното судење, поранешниот претседател изјави дека целосно ги негираат сите обвинувања.
Мубарак зборуваше во судницата во Каиро, каде беше донесен на болнички кревет.
И неговите синови Гамал и Ала, ги негираа обвиненијата.
Обвинителството го товари соборениот лидер на Египет за вмешаност во убиството на демонстрантите, со тоа што му дозволил на тогашниот министер за внатрешни работи да се употреби муниција против луѓето што протестираат. Обвинителството исто така го обвинува за повеќе кривични дела како корупција и трошење на јавните средства
XS
SM
MD
LG