Достапни линкови

Српскиот парламент усвои декларација за Косово


Шефот на преговарачкиит тим со Косово, Борислав Стефановиќ
Собранието на Србија по полноќ усвои декларација со која се осудува насилството на Косово и се повикува на дијалог и на мирно решавање на кризата која настана со одлуката на косовските власти да ја преземат контролата на премините на северот од земјата. На усвојувањето на декларацијата и претходеше деветчасовна расправа. Од вкупно 207 присутни пратеници, за декларацијата гласале 181 пратеник, 20 пратеници од Демократската партија на Србија, гласале против, четворица пратеници биле воздржани, а 2 не гласале.
Со декларацијата се повикува и меѓународната заедница да осуди секаков едностран акт кој му штети на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Со документот Владата се обврзува да конесе конкретен и сеопфатен план во случај состојбата на Косово да се влоши.
XS
SM
MD
LG