Достапни линкови

Собранието расправа за составот на новата влада


Никола Груевски го образложува експозето за нова влада пред Собранието.
Собранието денеска ја продолжи седницата на која се расправа за составот и програмата на новата влада.
Од ДПА забележуваат дека во предложената програма нема проекти за подобрување на животот на Албанците.
Од СДСМ ја оценуваат програмата како празна и според нив не заслужува да добие доверба. Од партијата реагираат и на повторното назначување на некои министри.
Пратениците од владеачкото мнозинство сметаат дека предлогот за нова влада, заслужува да добие доверба поради досега постигнатото и решеноста да се постигне уште повеќе.
Мандатарот Никола Груевски во вчерашното експозе рече дека петте приритети на новата влада ќе бидат зголемување на економскиот раст и вработеноста, интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, борбата против корупцијата и криминалот, одржување добри меѓуетнички односи и инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија. Најдоцна до полноќ треба да се избере новата влада.
XS
SM
MD
LG