Достапни линкови

Мубарак во тешка состојба


Поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак.
Поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, кој се наоѓа во болница одбивал да јаде и се наоѓа во тешка состојба, јавуваат тамошните медиуми. На Мубарак следната недела, на 3 август, треба да му се суди за убиството на демонстранти. Здраствената состојба на поранешниот претседател е честа тема за шпекулации, а многу Египќани во тоа гледаат обид да се избегне судењето. Мубарак беше соборен од власт во февруари. Тој се наоѓа во болница во Шарм ел-Шеик од април, кога доби инфаркт за време на едно сослушување за вмешаност во убиството на демонстрантите и за злоупотреба на власта.
XS
SM
MD
LG